Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ) (Macedonian Association for Geotechnics – MAG) стана членка на Меѓународното здружение за механика на почва и геотехничко инженерство (ISSMGE) во 2001 година.

Оттогаш, ДГМ е мошне активен, организирајќи конференции во 2002, 2006, 2010 и 2014 година, меѓу кои последната со меѓународниот научен комитет. Во меѓувреме, во 2008 година беше организиран меѓународен семинар за Еврокод 7 и Еврокод 8 поддржан од ISSMGE. Сите конференции беа многу добро посетени, со изразено учество на колеги од регионот. Исто така, ДГМ беше коорганизатор на повеќе еднодневни семинари во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија.

Како резултат на оваа прогресивна и континуирана работа, за време на Дунавско-европската конференција за геотехничко инженерство (DECGE) одржана во Виена во септември 2014 година, едногласно беше одлучено да се додели организацијата на 16-тиот DECGE во 2018 година на Македонската асоцијација за геотехника.

 

 

Партнери

Новости