Почитувани колеги,

Во име на Друштвото за геотехника на Македонија, Здружението на рударски и геолошки инженери, Рудникот за бакар Бучим, како и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, со особено задоволство Ве покануваме да учествувате на дводневната работилница „Computational and Field Performance Based Stability Assessment in Open-Pits and Waste Dump Facilities“.

Настанот ќе се одржи на 18 и 19 мај 2026 година во Штип и Радовиш. Целта е да се обединат професионалци, истражувачи и експерти од областа на геотехниката, рударството и геологијата, преку размена на знаења и дискусија за најновите достигнувања. Работилницата ќе придонесе за унапредување на стручната соработка и развој на современи пристапи за стабилност на површинските копови.

Пријавувањето се врши на следниов линк https://forms.gle/u6vJsoNzmfGB1mur9, а повеќе информации може да најдете во флаерот во прилог.

Очекуваме Ваше присуство и активно учество. 

Срдечен поздрав!