Од 07.5. до 10.5., во Осака, Јапонија, се одржа Осмата меѓународна конференција за земјотресно геотехничко инженерство. На истата, од Македонија зедоа учество проф. д-р Влатко Шешов и д-р Елена Ангелова, кои, покрај излагањето на реферат, го претставија и заедничкиот поднесок на Македонското и Хрватското геотехничко друштво за коорганизирање на Деветтата меѓународна конференција за земјотресно геотехничко инженерство во 2029 год.: по спроведеното гласање по кандидатурите, беше одлучено домаќинството на реномираниот светски настан да биде на Балканот.
