Во периодот од 7-8 мај 2020 година во Белград, Србија ќе се одржи обука за користење на софтверски пакети на Rocscience на тема: „2D & 3D Slope Stability Assessment Using Rocscience Software”. За подетални информации и регистрација, прочитајте во овој флаер.
Author Archives: mag
Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија потпиша Меморандум за соработка со четири научно-стручни организации – Друштвото на градежни конструктори, Друштвото за патишта, Друштвото за геотехника и Здружението „Македонски комитет за големи брани“ со цел започнување на продлабочена соработка меѓу научно-истражувачкиот и реалниот градежен сектор и со заложби […]
Работилницата под наслов „RECENT TRENDS IN ROCK MECHANICS” која ќе се одржи во Љубљана, Словенија е во организација на SLOGED со поддршка од ISRM. Детали можете да видите на следниот линк.
На ден 10.12.2019 година се одржа Годишното собрание на Друштвото за геотехника на Македонија во рамките на кое во соработка со Градежниот факултет – Скопје (ГФ) предавања одржа проф. Дитмар Адам, гостин-професор од Техничкиот универзитет во Виена на следните теми: Подобрување на тло наспроти хибридно фундирање и длабоко фундирање – три примера од европско значење […]
Согласно одлуките на Годишното собрание на ДГМ одржано во декември 2019 год., на следниот линк може да се превземе првото соопштение за Петтиот симпозиум на ДГМ кој воедно ќе претставува и Втора конференција на регионалните друштва за геотехника, а ќе се организира со поддршка од Меѓународното друштво за механика на карпи (ISRM) во периодот 28-30.5.2020 […]