Предавање на проф. Решат Улисај 05.11.2020

So osobeno zadovolstvo go najavuvame predavanjeto na prof. Rešat Ulusaj, pretsedatel na Megjunarodnoto društvo za mehanika na karpi i inženerstvo vo karpi, i viziting-profesor na Gradežniot fakultet vo Skopje, koe ke se održi preku platformata Zoom vo četvrtok, 05.11., od 09 č., pod naslov “Effects of Geological Conditions in Tunnelling”. Planirano e nastanot da se odvie spored […]

ОДЛОЖЕН V СИМПОЗИУМ НА ДГМ ЗА 10-12.06.2021

V Симпозиум на Друштвото за геотехника на Македонија е одложен и ќе се одржи во периодот од 10-12.06.2021 година во хотел Метропол – Охрид. Роковите за испраќање на рефератите и начинот на регистрација е објавен на https://mag.net.mk/v-mag-symposium-28-30-5-2020/

ВТОР ВЕБИНАР НА КЛУБОТ НА МЛАДИ ИНЖЕНЕРИ

Инженерска Институција на Македонија Ве поканува да учествувате на вториот вебинар организиран од клубот на млади инженери со наслов – ГРАДЕЖНИШТВО- Мост меѓу науката и праксата. На овој вебинар покрај искусните инженери свое учество ќе земат и членови ИМИ и ДГМ. Деталната програма, како и биографиите на предавачите се дадени во овој документ. Пријавувањето на […]

Достапно е-предавањето на проф. д-р Борис Јеремиќ

На следниот линк е достапно предавањето на проф. д-р Борис Јеремиќ одржано на 09.6.2020 година. http://sokocalo.engr.ucdavis.edu/~jeremic/za_DGM-ZMKGB-UKIM/ Се препорачува следење преку Google Chrome. Доколку линкот е недостапен, обидете се овде.

e-предавање на проф. д-р Борис Јеремиќ (UC Davis)

Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ) и Македонскиот комитет за големи брани (ЗМКГБ) имаат особена чест и задоволство да го најават предавањето на проф. д-р Борис Јеремиќ од Универзитетот на Калифорнија во Дејвис, што ќе се одржи на 09.6.2020 год. со почеток во 15:00 часот, преку е-платформата ZOOM. Предавањето ќе биде поделено на два дела: 1. Нумеричка анализа […]

ОДЛОЖЕН V СИМПОЗИУМ НА ДГМ ЗА 29-31.10.2020

V Симпозиум на Дружтвото за геотехника на Македонија е одложен и ќе се одржи во периодот од 29-31.10.2020 година во хотел Метропол – Охрид. Поради тоа, датумите за испраќање на целосните и корегирани реферати, како и датумите за пријавување се изменети: Рок за испраќање на рефератите 30.8.2020Рок за испраќање на корегирани реферати 30.9.2020 Регистрација со […]

Советување за земјотресно инженерство

Во организација на СГИС, во периодот од 24-26 јуни 2020 година во Рума, се организира седмо меѓународно советување „Земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Подетални информации можете да најдете во првото соопштение и следните документи: ПоканаПријаваУпатствоШаблон

Обука за Rocscience Software во Белград

Во периодот од 7-8 мај 2020 година во Белград, Србија ќе се одржи обука за користење на софтверски пакети на Rocscience на тема: „2D & 3D Slope Stability Assessment Using Rocscience Software”. За подетални информации и регистрација, прочитајте во овој флаер.

Потпишан Меморандум за соработка

Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија потпиша Меморандум за соработка со четири научно-стручни организации – Друштвото на градежни конструктори, Друштвото за патишта, Друштвото за геотехника и Здружението „Македонски комитет за големи брани“ со цел започнување на продлабочена соработка меѓу научно-истражувачкиот и реалниот градежен сектор и со заложби […]