Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ) секоја година ги покрива школарините за петте најдобри запишани студенти на I (прв) циклус на студии (дипломски) на студиската програма по геотехника при Градежниот факултет – Скопје. Секој од тие студенти го задржува бенефицираното право до крајот на студирањето доколку навремено и со успех ги исполнува факултетските обврски. Истото се префрла и на II циклус на студии (последипломски), доколку се запишат на студиската програма по геотехника.
26/09/2019