Од 26.8. до 30.8., во Лисабон се одржа 17-тата Европска конференција за механика на почви и геотехничко инженерство. ДГМ беше застапено со шест свои членови кои, покрај презентирање на трудови, имаа задачи во водење на сесии, модерирање на дискусии, работа при ТК, учество на состанок на европските друштва, каде беше поднесен извештај за EYGEC во Демир Капија, а проф. Слободан Мицковски одржа и предавање во рамки на стручен семинар. Се зацврстија односи со повеќе лица од раководни структури на ISSMGE и од национални здруженија, се остварија нови релации, а се пренесоа и искуства кон следните организатори на EYGEC.