Придружете ни се на бесплатниот вебинар за RocTunnel3, еден од најновите и најсовремените софтветри на RocScience за 3Д анализа на стабилност на подземни ископи. На настанот ќе бидат презентирани главните карактеристики и можности кои ги нуди софтверот. Иделно за геотехнички, рударски и геолошки инженери, но и за сите кои се интересираат за полето – студенти и идни професионалци со желба за учење. Работен јазик ќе биде македонски, но сите колеги од регионот се добредојдени.

Главни теми на сесијата:

  1. Проценка на ризици
  2. Креирање на 3Д модел
    1. Ископ во фази
    2. Дефинирање на карактеристики на материјалите
    3. Импортирање на геометрија
    4. Дефинирање на пукнатини, товари и заштита на ископот
  3. Пробабилистички и детерминистички анализи
  4. Практичен пример

Регистрацијата за вебинарот можете да ја направите тука.