Во рамките на одржувањето на 16-тата Подунавско-европска конференција за геотехничко инженерство во 2018 год. во Скопје, беше одлучено домаќин на следната да биде Романија. Истата се одржа од 07 до 09.6.2023 год. во Букурешт, каде Македонија беше застапувана од шестмина свои членови, при што беше покриена котизацијата за млад инженер. Покрај учеството на состанок на друштвата за геотехника од Подунавјето, колегата Папиќ беше модератор на сесија и презентираше научен труд. Воедно, на маргините на конференцијата, направени се контакти со соработници од регионот и компании кои би биле заинтересирани за делување на нашиот пазар.


