Во втората половина на месец мај, во Македонија престојуваше доајенот на механиката на карпи, д-р Николас (Ник) Бартон. Во рамките на посетата, тој одржа предавања на 22.5. „Multiple aspects of shear strength“ во Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАОИ), и на 23.5. „The many faces of Q“ на Градежен факултет. Присутни беа студенти од прв и втор циклус на студии од сите насоки, како и стручни и технички лица од праксата. Д-р Бартон се сретна со генералниот секретар на КОАОИ и даде интервју за списанието „Пресинг“, кое може да се прочита овде.

