Во рамките на 17-тата Азиска регионална конференција за механика на почви и геотехника, одржана 14-18.8. во Астана, Казахстан, ДГМ беше застапувано од м-р Елена Ангелова. Таа, покрај презентирањето на труд, зеде учество и на состанок на Советот на ISSMGE и потпиша трилатерален меморандум за соработка помеѓу националните геотехнички друштва на Казахстан, Ирак и Македонија. Како млад член, котизацијата за учество беше обезбедена од страна на ДГМ, додека останатите трошоци беа покриени од Фондот за млади при ISSMGE.