На 27.2. се одржа Годишното собрание на ДГМ, во пријатна атмосфера следена од 45 присутни, со присуство на претставници од државните служби и органи од областа на цивилна заштита од природни непогоди (Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи). Материјалот за истото може да се преземе од овде.

Накусо:

  • На студентите од I и II циклус на студии по геотехничко инженерство им беа доделени школарините „Проф. д-р Васил Витанов“.
  • Воведено е признание за најдобро остварување во областа на геотехниката.
  • Доделени се признанија, благодарници и награди:
    • Признанија за Почесен член на ДГМ беа доделени на проф. Фенгшоу Занг и проф. Слободан Ќориќ;
    • Благодарница за нега и развој на етиката на инженерско-техничкото во областа на геотехниката и заштита и подигнување на јавниот и професионалниот углед, на: Миодраг Марина, Милорад Ивановски, Зоран Трајановски, Ѓоко Таневски, Звонко Павлов, Киро Костовски, Димитар Рибески, Ванчо Маринов, Сандо Донев, Емил Петрушев;
    • Благодарница беше доделена на Универзитетот во Салерно, Оддел за градежништво, за унапредување на стручните капацитети на членовите на ДГМ во областа на свлечишта преку организирање стручни предавања и обуки со имплементација на современи методи и практики, како и поттикнување и поддршка на нивните иницијативи за научно-истражувачка и стручна соработка.
  • Признание за изработен докторат од областа на геотехниката на д-р Тони Китановски.
  • Одржани се презентации од:
    • д-р Тони Китановски од ИЗИИС – УКиМ за докторската дисертација „Напредни елемент тестови за дефинирање на динамичкото однесување на природен песок при комплексна напонско деформациона состојба“.
    • проф. д-р Сетимио Ферлиси од Универзитетот во Салерно, Италија, на тема „Landslide risk management in Italy: practice and perspectives“.