Во рамките на „Геотехнички денови на Комората“ во организација на Одделението за геотехника при КОАOИ, на 12.10. се одржа предавање на тема: „Геосинтетички зајакнувања на почви (армирана земја) во транспортната инфраструктура“. Предавачи беа проф. д-р Бојан Жлендер од Факултетот за градежништво, транспортно инженерство и архитектура во Марибор, д-р Станислав Ленарт од ZAG – Љубљана и Борис Богоевски од „Геоглобал“ – Скопје.

