Во рамките на дводневото обележување на 75-годишнината од основањето и почетокот на работата на Градежниот факултет (ГФ), ДГМ и Катедрата за геотехника (КГТ) при ГФ имаа значаен удел во програмата на прославата. Имено, на 03.10., на свечената академија се обрати проф. Ѓулсун Сагламер, додека на меѓународната конференција одржана на 04.10. предавачи беа д-р Ник Бартон, проф. Ахмет Сагламер, проф. Иван Вркљан, проф. Војкан Јовичиќ, проф. Дитмар Адам и проф. Решат Улусај, додека осврт на работата на КГТ даде раководителот на Катедрата, проф. д-р Јосиф Јосифовски.