Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ) Ве поканува на бесплатен, високо-стручен семинар посветен на правилно планирање, изведба и тестирање на микроколови во согласност со EN1997.

Темите опфаќаат:

  • Области на примена на микроколови
  • Стандарди (сидра / микроколови / почвени анкери)
  • Методи на инсталација на микроколови
  • Трајна заштита од корозија
  • Влијание на класи на изложеност
  • Геотехничко проектирање согласно EC 7
  • Планирање и спроведување на тестови со товарење
  • Проектирање на глави на колови
  • smartTITAN – Проектирање на глави на колови

Настанот ќе се одржи на англиски јазик и е наменет за професионалци, проектанти, изведувачи и студенти од областа на геотехничкото и конструктивното инженерство.

Учеството е бесплатно, но задолжителна е претходна регистрација.
Регистрирајте се тука: https://lnkd.in/dFUwvgBm