Во рамки на „Геотехнички денови во Комората“, доц. д-р Вито Тагарели од Политехничкиот универзитет во Бари, Италија, кој беше учесник и на DECGE 2018 во Скопје, одржа стручно предавање „Искуства и стратегии за справување со нестабилности кај косините и појавата на свлечишта“ на 16.5. Воедно, следниот ден тој го посети Градежниот факултет каде одржа и предавање „Свлечишта предизвикани од интеракција помеѓу косината, вегетацијата и атмосферата и решенија базирани на природни материјали“ за студентите од I и II циклус на студии.
