Од 16.12. до 20.12., на ИЗИИС престојуваа двајца колеги од Геотехничкиот факултет во Вараждин, Хрватска, кои одржаа и предавања:

– доц. д-р Давор Станко – „Преглед на заедничка соработка на проекти на Хрватската научна фондација: SeisRICHerCRO & SIGMATOPCRO – избрани резултати“

– проф. д-р Игор Петровиќ – „Мерење на механички параметри на биосушен отпад“.

Посетата беше искористена за воспоставување на соработка за организирање на заеднички последипломски студии од областа на геохазарди и еколошки ризици.