На 21.2. се одржа Годишното собрание на ДГМ, во пријатна атмосфера следена од 58 присутни, при што беа презентирани и со широка поддршка усвоени повеќе предлози. Материјалот за истото може да се преземе од овде.

Накусо:

– на студентите од I и II циклус на студии по геотехничко инженерство им беа доделени школарините „Проф. д-р Васил Витанов“. За младите колеги и членови е значајно дека Одделението на млади геотехнички инженери во следните две години ќе го води м-р Тамара Јовановска.

Доделени се признанија, благодарници и награди:

  •   Признанија за Почесен член на ДГМ беа доделени на проф. Дитмар Адам и проф. Благоја Маркоски;
  •   Благодарница за нега и развој на етиката на инженерско-техничкото во областа на геотехниката и заштита и подигнување на јавниот и професионалниот углед, на: Драги Атанасовски, Љубомир Китановски, Душко Спироски, Маја Петровска и Дончо Божинов;
  •   Благодарници на компании за долгорочна поддршка при организирање на стручни настани и поттикнување на иновативноста на геотехничките инженери, на:  GEOBRUGG, TITAN, Statiker d.o.o. и GEODESTEK.
  •   Награда за изработен докторат од областа на геотехниката на д-р Бојан Јаневски.

Одржани се презентации од:

  • д-р Анил Јунатчи, од Geodestek Ltd. Sti., на тема “Data-Driven Decision Making in Geotechnical Engineering Using Field Performance Monitoring”.
  • д-р Бојан Јаневски од ГИ „Македонија“ за докторската дисертација “Интегрална методологија за проценка на ризик од нестабилност на косини кај карпести маси со слаб квалитет”.