Во Билтенот на ISSMGE објавен во септември 2024 год,, промовирана е автобиографијата на проф. Педро Симао Секо е Пинто, претседател на ISSMGE во период 2005-2009. Во повеќетомниот материјал, кој опфаќа приватен, стручен, општествен и друг аспект на богатиот живот на проф. Пинто, ДГМ е спомнато на неколку места, помеѓу останатото и поради две негови учества на настани одржани во Македонија: семинар за ЕС7 и ЕС8 во Охрид во 2008 год. и на Одбор на ISSMGE реализиран при DЕCGE во Скопје во 2018 год.







