Во периодот 27.02-3.03., во Коста Рика, се одржа состанок на Одборот на ISRM, каде присуствуваше и проф. Милорад Јовановски, во својство на потпретседател на ISRM. Токму по негова иницијатива, формирана е ISRM комисија која во следните години ќе работи на тема Risks and Reliability in Rock Slope Engineering, а во која, покрај тројца претставници од Македонија, членови се и истакнатите Нил Бар, Хари Сароглу, Светлана Мелентијевиќ, Зоран Берисављевиќ и др.