Шестиот симпозиум за свлечишта во јадранско-балкански регион се одржа од 15.5. до 18.5. во Белград. На него, учество зедоа повеќе членови на ДГМ, кои имаа и значајни улоги преку одржување на повикани предавања, клучно предавање, модерирање на сесии и презентирање на трудови. При вреднувањето, постерот на колешката д-р Наташа Неделковска за трудот „Landslide susceptibility assessment using Frequency Ratio model for the Polog region, North Macedonia“ беше оценет како најдобар. Паралелно, во текот на симпозиумот остварени се средби со потенцијални предавачи за Eurock2026, и се доби потврда дека ДГМ ќе биде организатор на следниот ReSyLAB во 2027 година.

