Одделението на млади геотехнички инженери е формирано во 2015 година.
За прв претседател е избран д-р Бојан Сусинов со мандат од 12.2015 до 12.2017 год.
Во вториот мандат од 12.2017 до 12.2019 год. претседател беше м-р Бојан Јаневски.
Од 12.2019 до 02.2022 год. одделението го раководеше м-р Тони Китановски, после што до 2025 година претседател беше м-р Елена Ангелова.
Актуелен претседател е м-р Тамара Јовановска.
Членовите на Одделението беа целосно посветени при планирањето, организацијата и одвивањето на динамичната 28-ма Европска конференција за млади геотехнички инженери која со особен успех се одржа 25-29.6.2024 год. во Демир Капија, а за која се изнесени информации во медиумите и поднесени извештаи на меѓународни средби.