Инженерската институција на Македонија (ИМИ) ја обележи 105-годишнината од формирањето на првото здружение на инженери во Македонија, прославувајќи го Денот на македонските инженери. Во рамките на свеченоста, каде обраќања имаа претседателката на ИМИ, проф. Христина Спасевска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и проф. Калтрина Зеколи Шаќири, заменик-министерка за транспорт и врски, беа доделени и признанија. Покрај наградата за најдобар млад инженер, беше воведена и Плакета за најактивна членка во 2024 год., а кој лауреат го понесе – Друштвото за геотехника на Македонија. Благодариме за препознавањето, поддршката и стимулацијата!