Централниот настан во организација на ДГМ за 2024 год. се реализираше од 25.6. до 29.6. во Демир Капија, кога беа угостени 40-тина млади геотехнички инженери од Европа во рамки на одржувањето на 28-та Европска конференција за млади геотехничари – EYGEC 2024. Богатата програма опфати бројни тематски излагања, повикани предавања од проф. Лиес Лалуи, проф. Дитмар Адам и проф. Лорета Батали, теренски посети, екскурзии, културно-уметнички настан, дискусии за Time Capsule, тимски игри итн. Во организацијата голем напор вложија младите геотехнички инженери од ДГМ, со поддршка на поискусните членови, што резултираше со многу успешна организација, кои впечатоци беа општо и често споделувани од страна на учесниците. Во рамки на EYGEC 2024, oд страна на ИЗИИС беше извршена презентација за мобилната лабораторија МОБИЛАБ. Секако, ДГМ се заблагодарува на несебичната помош од бројните спонзори!