Друштвото за геотехника на Македонија во коорганизација со Градежниот факултет – Скопје, организираше стручно предавање на почитуваниот професор Ахмет Сагламер од Турција – визитинг професор на Градежниот факултет – Скопје.
Насловот на предавањето беше „Innovative Approaches in Geotechnical Engineering: Construction of Galata Cruise Port (Galataport)” во кое се преточени искуствата од проектирање и надзор при изведба на овој капитален објект во Истанбул.
Предавањето се одржа на 12 април 2023 год. во амфитеатарот на факултетот, а присуствуваа студенти од студиската програма по геотехника, останатите студиски програми на градежниот факултет, раководството на ДГМ, претставници на Деканатот, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, професори, претставници на компании – членови на Друштвото за геотехника на Македонија.
Воедно, Друштвото за геотехника на Македонија, им се заблагодарува на сите учесници на настанот, како и на проф. Сагламер за поддршката што континуирано ја дава во афирмацијата на Друштвото, Факултетот и геотехниката воопшто.