На ден 10.12.2019 година се одржа Годишното собрание на Друштвото за геотехника на Македонија во рамките на кое во соработка со Градежниот факултет – Скопје (ГФ) предавања одржа проф. Дитмар Адам, гостин-професор од Техничкиот универзитет во Виена на следните теми:
- Подобрување на тло наспроти хибридно фундирање и длабоко фундирање – три примера од европско значење (Ground improvement versus hybrid foundation and deep foundation – three case histories of European significance)
- Динамичко збивање со валјаци при земјани работи – Континуирана контрола на збивање: преглед на досегашни достигнувања и развој (Dynamic roller compaction for earthworks – Roller-integrated Continuous Compaction Control: State of the art overview and recent developments) и
- Потпорни конструкции кај косини – примери од Европа (Retaining structures in slopes: Case histories in Europe).