Годишно собрание на ДГМ и гостување на проф. Дитмар Адам

На ден 10.12.2019 година се одржа Годишното собрание на Друштвото за геотехника на Македонија во рамките на кое во соработка со Градежниот факултет – Скопје (ГФ) предавања одржа проф. Дитмар Адам, гостин-професор од Техничкиот универзитет во Виена на следните теми:

  • Подобрување на тло наспроти хибридно фундирање и длабоко фундирање – три примера од европско значење (Ground improvement versus hybrid foundation and deep foundation – three case histories of European significance)
  • Динамичко збивање со валјаци при земјани работи – Континуирана контрола на збивање: преглед на досегашни достигнувања и развој (Dynamic roller compaction for earthworks – Roller-integrated Continuous Compaction Control: State of the art overview and recent developments) и
  • Потпорни конструкции кај косини – примери од Европа (Retaining structures in slopes: Case histories in Europe).
Воведно излагање на проф. Дитмар Адам

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *