e-предавање на проф. д-р Борис Јеремиќ (UC Davis)

Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ) и Македонскиот комитет за големи брани (ЗМКГБ) имаат особена чест и задоволство да го најават предавањето на проф. д-р Борис Јеремиќ од Универзитетот на Калифорнија во Дејвис, што ќе се одржи на 09.6.2020 год. со почеток во 15:00 часот, преку е-платформата ZOOM. 
Предавањето ќе биде поделено на два дела:
1. Нумеричка анализа на интеракцијата тло-конструкција при дејство на земјотрес. Овој дел ќе се насочи кон симулација на интеракцијата тло-конструкција кај инфраструктурни објекти во услови на земјотрес и на зголемување на доверливоста на нумеричките модели, а во светло на оптимизација на конструкциите.
2. Нумеричко моделирање на динамичкиот одговор на браните. Вториот дел од предавањето ќе го опфати процесот на моделирање и анализа на одговорот на браните при земјотресно влијание т.е. во динамички услови, проследено со практични примери од инженерството на браните. 
После предавањето, ќе се следи дискусија, кога проф. Јеремиќ ќе биде на располагање да одговори на прашања од ценетиот аудиториум. 

Д-р Борис Јеремиќ дипломирал во 1989 год. на Градежниот факултет при Универзитетот во Белград. Во периодот 1989-92 год. е вработен во фирмата Енергопроект-Хидроинженеринг, во Белград и Ирак. Магистрирал во 1994 год., а докторирал во 1997 год. на Универзитетот Колорадо во Болдер (University of Colorado, Boulder). Професор Јеремиќ во рамки на своите истражувања се занимава со развој и примена на методи за детерминистичка и пробабилистичка анализа на тлото, конструкциите и нивната интеракција. Воедно, го развива и системот Real-ESSI Simulator (http://real-essi.us), кој се користи за проектирање и оцена на состојбата на мостови, згради, брани, тунели и нуклеарни постројки, што и ќе биде изложено во рамките на предавањето. Кусата биографија (CV) и опусот на научно-истражувачката работа на проф. Јеремиќ е достапен на веб-страната http://sokocalo.engr.ucdavis.edu/~jeremic/. На Одделот за градежништво и животна средина при Универзитетот во Калифорнија предава статика, јакост на материјали, линеарни и нелинеарни конечни елементи и нумеричка анализа на интеракцијата конструкција-тло при дејство на земјотрес. 

За следење на предавањата може да се приклучите преку следниот линк:https://us02web.zoom.us/j/4505869134?pwd=Y3FESUZlamhQSGEyb2VPQStQaktTZz09 или со вклучување на апликацијата ZOOM и внес на следните податоци преку алатката Join:

  • Meeting ID: 450 586 9134
  • Password: htk2020

При вклучување на предавањето, ве замолуваме да ги исклучите тонот и камерата. Поставување на прашања по завршување на предавањето ќе биде преку сигнализација со командниот прозорец Chat, и алаткaта “Raise hand”, при што ќе биде потребно да се вклучи тонот кога ќе се поставува прашањето. Во пресрет на уште еден настан кој ќе го збогати фондот на знаења и ќе овозможи нивен трансфер согласно концептот 3L – Long Life Learning.

Претседател на ДГМ, Вонр. проф. д-р Јован Бр. Папиќ

Претседател на ЗМКГБ, Проф. д-р Љупчо Петковски                  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *